3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM и Опел го губат тлото во Европа

GM и Опел го губат тлото во Европа

gm motoris

Можеби Џенерал Моторс (GM) и Форд полека се вратија на домашниот, американскиот пазар, но во Европа, овие производители постепено го губат тлото.

Продажбата на „GM“ и Форд во САД во минатата година порасна за 11 проценти, додека во Кина исто така забележале одлични резултати.

Меѓутоа во Европа, американските компании го загубија пазарниот дел, при што, уделот на филијалите на „GM“- Oпел/Вауксал е намален на 6.7 проценти во периодот од 2005-та до 2013-та година, а уделот на Форд од 8,3 проценти на 7,4 проценти.

Двете компании минатата година претрпеа големи загуби во Европа, поради тоа беа принудени да затвораат фабрики. Па така Опел затвори една фабрика во Германија, а Форд две во Британија и една во Белгија.

Сепак во Форд се надеваат дека ќе го балансираат својот биланс во 2015-та година, благодарејќи на пониските трошоци и со лансирањето на нови модели.

Опел, исто така се потпира на своите нови модели со планираните 23 автомобили до 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП