20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПожарот во ,,Ramstore Mall" ефикасно и брзо изгаснат

Пожарот во ,,Ramstore Mall” ефикасно и брзо изгаснат

ramstor

Во работниот дел на локалот  “Исанбул кебап”, во трговскиот центар “Рамстор”, утрово околу 09:45 часот изби пожар од мали размери.

Ситуацијата веднаш беше ставена под контрола, а пожарот беше за многу кратко време изгаснат, како резултат на автоматското вклучување на системот за гаснење на  пожар на трговскиот центар, т.н “спринкерски систем”, со кој раполага “Рамстор”.

Благодарение на брзата и ефикасна реакција на овој систем, немаше потреба од никаква интервенција од страна на противпожарната екипа, која исто така беше повикана и за многу кратко време пристигна на местото на случувањето.

По санирањето на оваа ситуација, во која не е причинета никаква материјална штета, трговскиот центар “Рамстор” продолжи непречено да функционира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП