3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПаметните кандидати поставуваат паметни прашања...

Паметните кандидати поставуваат паметни прашања…

intervjuintervju3345gruhytsn

На интервјуто за работа ќе се појават кандидати од секаков вид, заинтересирани, незаинтересирани, поспани, активни, несоодветни, но и многу паметни. Оние кои цврсто ја градат својата кариера и се грижат за нејзиниот развој на интервјуто ќе се обидеат да истражуваат.

Вистината е дека повеќето кандидати за работа не ги интересираат одговорите на нивните прашања туку само сакаат да остават подобар впечаток со тоа што ќе постават „паметно прашање“. Но, има и такви кои поставуваат сосема одлични прашања и очекуваат ваш одговор врз кој ќе дознаат дали тие би сакале да работат за вас.

Ова се паметните прашања кои ги поставуваат паметните кандидати за работа:

Што очекувате од мене да постигнам во првите 60 до 90 дена?

Одличните кандидати не сакаат да трошат месеци да ја запознаваат организацијата. Тие сакаат веднаш да почнат да придонесуваат кон работата.

Кои се најчестите карактеристики на вашите најдобри вработени?

Одличните кандидати исто така сакаат да бидат и долгорочно вработени. Секоја организација е различна па така се различни и клучните квалитети на најдобрите вработени. Можеби тие работаат подоцна, можеби креативноста е поважна од методологијата, можеби константното барање нови клиенти на нови пазари е поважно од градење долгорочни врски со постоечките клиенти. Кандидатите тоа сакаат да го знаат затоа и ќе ве прашаат.

Кои работи придонесуваат за позитивни резултати во оваа компанија?

Вработените се инвестиција, и секој од нив треба да генерира позитивен повраток на средства вложени во неговата плата. Во секоја работа, некои активности прават поголема разлика од други. На ова прашање одговорете им со точни детали за тие да имаат претстава за што се работи. Кандидатите сакаат да знаат што ја прави разликата. Тие знаат дека ако компанијата има успех, и тие ќе имаат.

Што прават вработените во слободно време?

Ваквото прашање ќе го постават со цел да видат дали вашите вработени имаат слободно време, но и за да увидат што е дозволено тиа да прават во тоа време. Внимавајте она што ќе им го ветите, подоцна не смеете да им го одземете.

Како планирате да се справите со…?

Секој бизнис се соочува со предизвик од типот технолошки промени, конкуренти, променливи економски трендови. Сите кандидати сакаат да напредуваат во вашата компанија и ако си заминат не сакаат тоа да биде поради ликвидација на фирмата. Тие не сакаат да знаат само што вие мислите туку и што планирате да правите и како тие можат да се вклопат во тие планови. Тие сакаат да знаат дали воопшто имате некаков план ако настапи некоја непријатна ситуација и дали тие ќе бидат заштитени во истата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП