19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија располага со резерви од 400 милиони тони нафта

Албанија располага со резерви од 400 милиони тони нафта

nafta1116

– Албанската Национална агенција за природни ресурси соопшти дека Албанија располага со околу 400 милиони тони резерви на нафта.

Како што јави дописникот на МИА, главна нафтена зона во Албанија е Патос-Маринза со површина од 44 илјади хектари, кој претставува најголем извор на нафта во Европа, со производен капацитет од 7,7 милиони барели нафта годишно.

Како последица на зголемените странски инвестиции извозот на домашна нафта почна забрзано да расте од 2005 година.

Приходот од извозот на албанска нафта кон странските пазари на крајот од 2012 година достигна 56,7 милијарди леки (околу 403 милиони евра). Споредено со оваа, минатата година извозот на бруто нафта пораснал за 36 отсто, додека споредено со 2005 извозот бележи раст од 2.880 проценти.

Во 2012 година извезени се еден милион тони албанска нафта. И во десетте месеци од 2013 година, според албанската Царинска управа, извозот на нафта бележи позитивен тренд. На крајот од октовмри извозот достигнал 1,6 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП