25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНегативна инфлација во Швајцарија

Негативна инфлација во Швајцарија

shvajcarijashvajshvaj99po

Во Швајцарија минатата година е регистрирана негативна инфлација од минус 0,2 проценти, соопшти Фeдералниот завод за статистика ОФС.

Малопродажните цени на швајцарската стока во 2013 година пораснале за 0,1 проценти, додека увезената стока во просек поевтинила за 1,9 проценти.

Во 2012 година во Швајцарија е забележана негативна стапка на инфлација од 0,7 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Во декември 2013 година малопродажните цени во однос на ноември се намалени за 0,2 проценти, додека тој пад во однос на декември 2012 година изнесува 0,4 проценти.

Најмногу минатиот месец поевтиниле лековите, болничките услуги, облеката и обувките.

Цените на цигарите и алкохолните пијалоци исто така се намалени за 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП