4 ноември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали постојано чувствувате глад? Еве зошто е тоа така...

Дали постојано чувствувате глад? Еве зошто е тоа така…

gladni557

Сигурно ви се случува понекогаш, без разлика колку јадете, да се чувствувате постојано гладно. И бидејќи веќе сте го имале својот оброк, се обидувате да се заситите со нездрави грицки кои многу повеќе дебелеат. Е тука веќе имате проблем.

Со овој проблем се соочуваат многумина, а погрешната реакција води до зголемена телесна тежина.

Едно ново истражување на Универзитетот Кембриџ покажало дека виновници за чувството на постојана глад се протеините, поточно недостигот на истите во исхраната. Исхраната сиромашна со протеини ја буди гладта кај човекот и предизвикува желба за нездрави грицки кои дебелеат.

Научниците откриле дека луѓето чии оброци содржат само десет проценти протеини, дневно внесуваат 260 калории повеќе од оние кои консумираат оброци со 15 проценти протеини.

„Откривме дека дел од луѓето имаат поголем апетит поради протеините. Ако со исхраната не ги внесуваат во доволна количина, им го зголемуваат апетитот и настојуваат таа глад да ја победат со нездрави намирници, а тоа води до дебелеење“, објаснува главниот истражувач, Алисон Грозби.

Во истражувањето на Универзитетот Кембриџ во Сиднеј учествувале 22 испитаници на возраст од 18 до 51 година, со нормална телесна тежина. Овие учесници одредено време живееле и се хранеле во научната установа. Иако на прв поглед оброците им изгледале исти, тие се разликувале во количината на протеини.

Со помош на овие методи, научниците откриле дека протеините се исклучително важни за одржување на нормалната телесна тежина.

Затоа, потрудете се вашата исхрана да биде богата со месо, риба, јајца и лешници со што можете да изгубите по еден килограм месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП