24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија и Кина за пет години планираат двојно зголемување на трговската размена

Бугарија и Кина за пет години планираат двојно зголемување на трговската размена

kina bugarija

Кина и Бугарија ќе работат на проширувањето на трговската размена и имаат за цел во следните пет години двојно да ја зголемат, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во обраќање на Бугарско-кинески бизнис форум во Пекинг.

Плевнелиев, кој престојува во државна посета на Кина, нагласи дека за оваа тема разговарал и на средбата со неговиот кинески колега Кси Џинпинг.

На Форумот во Пекинг учествауваа над 300 претставници од 150 кинески и 30 бугарски фирми од сферата на информативните технологии, текстилната индустрија, производството и дистрибуцијата на храна и вина, транспортот, трговијата, туризмот и производство на енергија од обновливи извори.

Претседателот Плевнелиев посочи дека има раст и позитивни тенденции во билатералната економска соработка, односно дека стоковата размена се зголемила за четири пати во последните десет години, а бугарскиот извоз кон оваа азиска земја е двојно зголемен во 2012-та година во однос на 2011-та година.

„Верваме дека Бугарија може и ќе биде врата за кинеските производи, производство, технологии и услуги во ЕУ“, рече бугарскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП