27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците го актуелизираат прашањето за изградба на ХЕЦ во Македонија

Грците го актуелизираат прашањето за изградба на ХЕЦ во Македонија

hidrocentrali

Приоритет на грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ за оваа година е изградба на нова хидроцентрала во Македонија, како и учество во работата на веќе постоечка хидроцентрала, јави дописникот на МИА од Атина.

Овој проект гo најави директорот на ДЕИ Артур Зервос на конференцијата „Инвестирање во енергијата 2014“ што се одржува во главниот град на Грција.

Во својот говор на собирот, Зевос истакна дека во 2014 година ќе биде ставен акцент на стратешка експанзија на компанијата во странство.

Во овој контекст, ќе почнат да работат две подружници на ДЕИ во Бугарија и Турција, кои ќе се занимаваат со трговија со електрична енергија.

Што се однесува до активностите во Македонија, ДЕИ ќе учествува на тендер на македонската Влада за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на нови хидроцентрали, но и за учество во работата на веќе постоечки погон, информира Зевос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП