25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем пад на главните берзански индекси во САД во последните два месеци

Најголем пад на главните берзански индекси во САД во последните два месеци

stocks116

– Главните берзански индекси во САД синоќа, на крајот на работата на Њујоршката бераза, забележаа најголем пад во последните два месеци.

Индустрискиот индекс „Дау Џонсон“ се намали за 179 поени или 1,1 процент до 16.257 индексни поени. „Стандард енд Пурс 500“ загуби 23 поени или 1,13 проценти стигнувајќи до 1.819 поени, а индексот на високотехнолошките групации „Насдак“ се намали за 61 поен или 1,5 проценти на 4.113 поени.

Истовремено, вредноста на акциите на енергетските компании забележаа значително намалување, како резултат на поевтинувањето на нафтата, откако беше постигната времена спогодба за иранската нуклеарна програма.

Доларот падна на најниско ниво во однос на јапонскиот јен во изминатите четири недели, а американските државни обврзници поскапеа до највисоко ниво во последните три седмици, откако најновите податоци за пазарот на трудот во САД од минатата недела го намалија оптимизмот за состојбата на најголемата економија во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП