20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија повторно забрзува

Германската економија повторно забрзува

berger1

Економскиот раст на Германија, најголемата европска економија, повторно ќе забрза оваа година, по благото забавување во 2013 година, соопшти германското Министерство за економија.

Два дена пред објавувањето на официјалните податоци за економскиот раст за цела 2013 година, германското Министерство проценува дека БДП за 2013 година ќе биде само малку повисок во однос на 2012 година, поради слабиот раст во зимските месеци, пренесува агенцијата Франс прес.

Во 2012 година, БДП на Германија изнесуваше 2,666 билиони евра, а економијата порасна за 0,7 проценти.

„Во новата година, домашната економијата ќе земе замав, како и што укажуваат најновите индекси за довербата, кои значително се подобрија во втората половина на 2013 година“, се наведува во соопштението на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП