9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонска компанија го купува производителот на Jim Beam

Јапонска компанија го купува производителот на Jim Beam

viski ilustracija

Јапонската компанија „Suntory Holdings“ соопшти денеска дека има во план да го купи американскиот производител на алкохолни пијалоци „Beam“, објави „Reuters“.

Компанијата е подготвена да плати 13,6 милијарди долари кеш за акциите на производителот на „Jim Beam“, а со оглед на долговите договорот ќе изнесува 16 милијарди долари. Очекувањата се дека реализацијата на договорот ќе стане реалност во вториот квартал од оваа година.

„Suntory“ ќе плати 83.50 долари по акција во готовина, што е 25 проценти над цената на затворање на акциите на „Beam“ од 66.97 долари во петокот. Главниот извршен директор на „Beam“ Мат Шаток ќе продолжи да раководи со бизнисот од седиштето во Чикаго, Илиноис, соопштија двете компании.

Со оваа трансакција Suntory ќе стане третиот најголем производител на хард алкохолни пијалоци во светот.

Во портфолиото на „Beam“ влегуваат пијалоци како бурбоните „Jim Beam“ и „Maker’s Mark“, коњакот „Courvoisier“ и текилата „Sauza“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП