4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените на Amazon во Германија подготвуваат нови штрајкови

Вработените на Amazon во Германија подготвуваат нови штрајкови

amazon germanija

Синдикатот „Ver.di“ кој ги организираше протестите на германските службеници на „Amazon“ минатата година, подготвува нови штрајкови. При тоа, организаторите ќе се обидат да ги зголемат нивните размери.

„Ver.di“ ги организираше протестите на вработените од пролетта минатата година со цел зголемување на платите на вработените во магацините на „Amazon“. Според компанијата, сепак вработените се правилно категоризирани и добиваат хонорари (околу 9,50 евра на час ), кои се повисоки од просекот за оваа гранка. Затоа и досега таа не презема какви и да било дополнителни мерки.

Најголемиот протест досега вклучи околу 1.800 лица во три од деветте логистички центар на „Amazon“ во Германија. Поради тоа штрајковите немаат влијание врз ефикасноста на работата на компанијата. Таа дури објави дека во овогодинешните божиќни празници нарачки се зголемија за 15 % во однос на минатогодишните и сите беа испорачани без проблеми.

За капак на се, група од околу илјада вработени на „Amazon“ се организираа со зачленување во која тврдат дека се против „Ver.di“ и дека Синдикатот не ги претставува нивните барања. Тие не се вклучуваат во протестите и се задоволни од условите на работа кои им се обезбедени .

Сепак синдикатот останува уверен во својата исправност. Негов портпарол изјави за весникот дека се подготвуваат нови поголеми штрајкови кои ќе ги опфатат повеќе од три магацини истовремено и може да се и подолготрајни. Засега од „Ver.di“ не прецизираат кога ќе бидат првите протести за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП