24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален прометот на Metro

Намален прометот на Metro

metro55gh

Прометот на германската трговска компанија „Metro“ е намален во првиот квартал од фискалната 2013-2014 година за 3,3 проценти на 18,7 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Падот на прометот на четвртиот најголем европски трговски ланец во кварталот од октомври до декември 2013 година, е резултат на планираната реконструкција на компанијата со цел зголемување на рентабилноста.

Тоа е во склад со планираниот благ раст на прометот за фискалната 2013-2014 година, објасни извршниот директор на „Metro“, Олаф Кок, пренесува агенцијата АФП.

Компанијата „Metro“, која има повеќе од 2.200 продавници во 32 земји во светот, пред еден месец започна со планот за реконструирање.

Продажбата на стока на големо, што претставува половина од прометот, во првиот квартал од фискалната 2013-2014 година се зголеми за 0,9 проценти на 8,5 милијарди евра пред се поттикната од растот на прометот во Германија и западна Европа.

„Metro“ затвара две продавници во Египет, бидејќи во таа земја поради политичките тензии деловната перспектива на компанијата е влошена.

Тековната фискална година во „Metro“ започна во октомври 2013 година и ќе заврши на крајот на септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП