Германската служба за заштита на конкуренцијата со износ од 106,5 милиони евра казни германски пиварници поради здружување при утврдувањето на цените на пивото, пренесоа агенциите .
Меѓу 2006-та и 2008-та година претставници на индустријата се договарле по телефон и лично да ги креваат цените на флашираните и наливните пива. Во 2008-та година, на пример, цената на пивото скокнала за 1 евро, соопшти шефот на антимонополната служба, Андреас Мунд.
Меѓу компаниите кои ќе бидат казнети се и концерни како „Bitburger“, „Krombacher“, „Veltins“ и „Warsteiner“.
Истрагата започна по сигнал на германската поделба на „Anheuser – Busch InBev“, која како на клучен сведок не е казнета. Четирите други компании соработувале со антимонополната власт.
Истрагата продолжува против уште два големи пиварници и четири регионални пиварници, но нивните имиња засега не се споменуваат.