26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing за 22 авиони пред Airbus

Boeing за 22 авиони пред Airbus

T

„Airbus“ испорача 626 авиони минатата година, што е рекорд за европскиот производител на авиони, но тоа сепак беше помалку од 648 испорачани авиони на „Boeing“.

„Airbus“ денес соопшти дека во рамките на таа бројка испорачал 493 авиони од серијата А 320. Целокупните нарачки во 2013 година достигнаа рекорд од 1,619 авиони, со вредност поголема од 240 милијарди долари. Тоа е двојно повеќе од очекувањата во оваа компанија.

Американскиот „Boeing“ минатата недела соопшти дека во 2013 година испорачал 648 авиони.

Комерцијалниот директор на „Airbus“ Џон Лихи изјави дека воопшто не го погодува фактот што неговата компанија испорачала помалку авиони од авиокомпанијата „Boeing“.

„Мислам дека сме среќни со она што го имаме…. Навистина не се грижам за тоа колку повеќе авиони испрачале тие“, изјави Лихи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП