Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за денар, а дизелот за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 79 денари. Еуродизелот ќе се продава по 68,50 денари за литар, додека новата цена на екстра лесното масло е 57,50 денари.
Се намалува и цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,384 денари за килограм.