29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако ќе изгледа новата банкнота од 10 евра? (фото+видео)

Како ќе изгледа новата банкнота од 10 евра? (фото+видео)

euro10

Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 10 евра на која е портретот на феникиската принцеза и божицата на Европа, која ќе биде пуштена во промет на крајот на септември. Вака ќе изгледа таа…

euro154

„Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во промет на 23 септември“, наведува ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Како и банкнотата од пет евра лансирана во мај, така и оваа банкнота од 10 евра ќе биде „поотпорна“ на фалсификување, наведува ЕЦБ.

Портретот на божицата на Европа ќе се наоѓа на водениот жиг и холограмот.

Сите нови банкноти од серијата „Европа“ постепено ќе бидат воведувани во текот на неколку години, а постојните банкноти лансирани во јануари 2002 година постепено ќе бидат повлекувани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП