5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ноември повеќе откупени и продадени земјоделски производи

Во ноември повеќе откупени и продадени земјоделски производи

zemjodelski1

Во ноември лани биле откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од 1.637.305.000 денари што претставува зголемување за 12.3% во споредба со ноември 2012-та година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18.2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3.2%.

Зголемување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи е регистриано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, млекото, млечните производи и рибата. Намалување, пак има кај: индустриските растенија, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП