26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на турската воена индустрија порасна за 10 отсто

Извозот на турската воена индустрија порасна за 10 отсто

voenaindustrija557

– Извозот на турската воена индустрија лани се зголемил за 10 проценти во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 1,4 милијарда долари, соопшти Асоцијацијата на турски извозници од одбранбената и вселенската индустрија.

Иако минатата година во целина беше година на стагнација за турскиот извоз, продажбата во странство на одбранбената и вселенската индустрија забележа значителен скок, изјави претседателот на Асоцијацијата Љатиф Арал Алиш.

Алиш напомена дека меѓу 2008 и 2012 година извозот на турската воена индустрија пораснал за 43 отсто, при што во тој период една третина од вкупното производство било наменето за странство. Тој напомена дека во 2014 година секторот очекува да оствари извоз во вредност од две милијарди долари.

САД, кои се водечки светски производител во областа на одбранбената индустрија, се наоѓаат на врвот на земјите кои купуваат турски одбранбени програми, забележа Алиш.

Зголемениот извоз во 2013 година во голем степен се должи на турскиот производител ТАИ (Турска вселенаска индустрија), чиј извоз е во вредност од 537 милиони долари. ТАИ го произведува турскиот борбен хеликоптер АТАК, наставно-тренажниот авион Хуркуш и првиот беспилотен авион од турско производство Анка.

Турција во најголем дел извезувала авиони и хеликоптери, по што следуваат мотори за авиони, оклопни транспортери и ракети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП