7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамарас: Во следните месеци ќе се знае во која насока се движи...

Самарас: Во следните месеци ќе се знае во која насока се движи Грција

Antonis Samaras

Грчкиот премиер Андонис Самарас смета дека во текот на следните месеци ќе се знае дали по шест години рецесија, строги економски мерки и реформи, како и со невработеност од 27 отсто, Грција ќе успее да направи пресврт кон подобро, пишува грчкиот весник „Етнос“.

„Има доста позивитни индикации, кои укажуваат на раст. Во четвртиот квартал на 2013-та година првпат е регистриран раст, иако мал, а во 2014-та година се очекува тој раст да биде поголем“, рече Самарас.

Тој додаде дека позитивните успеси на туризмот минатата минатата година влеваат надеж дека оваа година ќе биде уште подобра, а според некои проценки и рекордна со над 17,8 милиони туристи.

Во врска со прашањето за евентуална нова европска помош за Грција, Самарас истакна дека земјата нема потреба од нови кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП