9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеморандум за соработка меѓу Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции

Меморандум за соработка меѓу Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции

dogovor12

Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија денеска ќе го претстави новозибраниот претседател, извршниот директор на „Арчелор Митал“ – Скопје, Хуан Педро Иманез Наваро.

Како што соопшти Стопанската комора на Македонија, Наваро, како претседател на Советот, и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида ќе потпишат Меморандум за соработка. Покрај тоа, на прес-конференцијата, медиумите ќе бидат запознаени со предизвиците за 2014 година и со работата на Советот во минатата година.

На настанот ќе учествуваат и потпретседателите на Советот на странски инвеститори Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН“ и Џатин Такрар, директор на „Џонсон Мети Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП