3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран и Русија го подготвуваат најголемиот бизнис со нафта

Иран и Русија го подготвуваат најголемиот бизнис со нафта

tehmos569

Техеран и Москва се блиску до завршување на договорот за бизнис чиј месечен обрт би изнесувал 1,5 милијарди долари.

Иран е подготвен да испорачува нафта во замена за стока и опрема, а Москва ќе може да ја препродава иранската нафта во Кина по поповолна цена, пишуваат руските медиуми. Експертите пресметуваат дека овој бизнис ќе биде целосно договорен за време на посетата на Владимир Путин на Техеран во првата половина на оваа година.

Иран е подготвен да и испорачува на Русија до 500 илјади барели нафта дневно во замена за руска стока и опрема. Прометот од бизнисот се проценува на околу 1,5 милијарди долари месечно.

„Постои добар напредок во таа насока со големи шанси за успех. Ги разгледуваме и решаваме деталите и датумот за потпишување на договорот зависи од решавањето на тие детали“, изјави руската страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП