КОМПАНИИ

„Плата од 500.000 долари? Не благодарам, малку е“

google00987

Еден програмер од „Google“ одби понуда за годишна плата од 500.000 долари во друга компанија, бидејќи таа е премала во однос на 3 милиони долари кои ги заработува на сегашното работно место.

Благодарение на парите со кои располага „Google“, слободно може да се каже дека е апсолутен победник во трката за таленти во Силиконската долина. Последниот доказ за тоа е приказната според која основачот на една успешна стартап компанија му понудил на еден програмер од „Google“ работа и тоа за годишна плата од 500.000 долари.

Основачот изјави дека програмерот го „откачил“ и му објаснил дека во „Google“ тој заработува три милиони долари годишно.

Платата од три милиони долари годишно, па дури и од 500.000 долари годишно е прилично над просечната заработка во Силиконската долина.

Ловецот на таленти Скот Парсел вели дека годишната плата на софтверските инженери кои ги ангажира е околу 165.000 долари. Просечната основна плата за инженерите во „Google“ изнесува 128,000 долари.

„Google“ е компанијата која ужива во репутацијата дека секогаш успева да ги придобие и задржи квалитетните работници со екстремно високите плати, а сето тоа е резултат на големите пари со кои „Google“ располага.