4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикарагва ќе гради канал од Атлантикот до Пацификот

Никарагва ќе гради канал од Атлантикот до Пацификот

nikaragva

Владата на Никарагва најави дека во декември 2014 година ќе започне со изградба на канал што ќе ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан и ќе треба да претставува алтернатива на Панамскиот Канал.

Како што јави ИТАР-ТАСС, изградбата на каналот ќе биде заеднчки проект на Владата на Никарагва и на хонгконгшката компанија „Ејџ-Кеј Никарагуа Ченел Девелопмент Инвестмент“.

Сп планот се предвидува идниот никарагвански канал да биде поширок од Панамслиот, со што ќе има значително поголеми пропустителна моќ.

Изградбата на каналот се превидува да трае 10 години и да чини околу 40 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП