3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Тотал“ ќе инвестира 50 милиони долари во потрага по гас од шкрилци...

„Тотал“ ќе инвестира 50 милиони долари во потрага по гас од шкрилци во Британија

A logo for oil giant Total is seen at a petrol station in London

Француската компанија „Тотал“ најави дека ќе инвестира 30 милиони фунти (50 милиони долари) во истражување на резервите на гас од шкрилци во Велика Британија, со што ќе стане првата голема петрохемиска фирма што ќе врши вакви испитувања на британска територија.

Претставник на компанијата само кусо инфромира дека на почеток истражувањата ќе се вршат во Линколншир во централниот дел на Англија, нагласувајќи дека повеќе детали за целиот проект „Тотал“ ќе објави во текот на утрешниот ден.

Најавената сума е само мал дел од вкупните средства што „Тотал“ ги инвестира во истражувањата на наоѓалишта на нафта и гас во светот, но тоа сепак ќе и овозможи на британската Влада да покаже дека субвенциите за пронаоѓање нековенционални енергетски извор даваат резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП