20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога работата од соништата ќе стане ноќна мора...

Кога работата од соништата ќе стане ноќна мора…

noknamora559

Добивте понуда за работа која секогаш сте ја сакале и силно сте возбудени и среќни.

Но, иако од таа позиција се ви изгледа совршено, потребно е да посветите внимание на деталите и да ги запознаете луѓето со кои ќе работите, компанијата и шефот пред да ја прифатите работата.

Работата само по себе може да биде фантастична, но факт е дека не работиме сами.

Потребно е, како што не запознава нас работодавачот, така и ние да го запознаеме него за да знаеме што можеме да очекуваме, како ќе се однесува кон нас, какви ни се соработниците, какви се вредностите на компанијата, постигнувањата на пазарите и слично.

Бидејќи ако имаме шеф кој има малку искуство, колеги кои се неефикасни и се стремат кон конфликти, компаниска култура која не е во склад со нашите очекувања, нашата работа од соништата може лесно да стане ноќна мора или може и да пропадне па ќе завршиме на пазарот на трудот, а претходно сме имале пристојна работа, иако не била онаа од соништата.

Од почетокот ставете граници

Ако од чиста љубов кон работата која ја работите веднаш тргнете да давате 110 проценти од себе, ќе си поставите себеси превисоки стандарди и нема да можете повеќе да кажете „не“. Од почеток е потребно да кажувате „не“ кога нешто ги надминува вашите можности, желби или едноставно не е во склад со вашите планови.

Вратете ја забавата во работата

Кога го сакаме она што го работиме, проблемот може да биде во слепилото на нашата љубов. Забораваме да спиеме, јадеме, да вежбаме, да се релаксираме колку што ни е потребно. Поради тоа нашиот организам трпи и пати нашето психофизичко здравје. Работата е многу стресна во денешно време и се разликува од претходните години, затоа потребно е во работата да ја вметнете и забавата, или некои обврски да ги извршувате на забавен начин со цел да го елиминирате стресот и да се чувствувате попријатно.

Побарајте помош внатре во компанијата

Пред да се откажеме од нашата работа од соништата бидејќи станала премногу тешка, сме изгореле од силно вложување на труд и љубов и сме заборавиле на себе, потребно е да се пробаат некои стратегии за помош и поддршка внатре во компанијата. Ако за шест месеци не се промени ништо на подобро, време е за заминување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП