1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo банка губи уште еден член

Hypo банка губи уште еден член

hypo556

Заменик директорот и директорот на секторот за ризици на австриската банка „Hypo Alpe Adria“, Волфганг Еделмилер, ја напушта банката две години пред истекот на договорот.

Така, оваа финансиска куќа трага по нов член на управата.

По заминувањето на шефот на „Hypo“ банка Готвалд Кранебитер минатото лето, Еделмилер привремено управуваше со банката до почетокот на оваа година, кога функцијата претседател на Управниот одбор ја презема Александер Пикер.

Еделмилер денес изјави дека ќе го заврши мандатот на местото член на управниот одбор на банката на 28 февруари.

Тој, инаку, после заминувањето на Кранебитер не се пријави за местото шеф на банката, која државата со преземање ја спаси од пропаст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП