3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовторно рекордна година за Jeep

Повторно рекордна година за Jeep

cherokeeee

Втора година поред, „Jeep“ поставува нов глобален рекорд во продажбата на сите времиња. Во 2013-та година на купувачите ширум светот им беа испорачани 731.565 возила од овој производител.

Тоа е за 4 проценти подобар резултат во споредба со претходниот, исто така рекорден во 2012-та година, кога беа пласирани 701.626 автомобили.

„Возилата на брендот „Jeep“ забележаа пораст во продажбата ширум светот, како и на пазарот во САД, четврта година поред“, изјави Мајк Менли, претседател и генерален директор на „Jeep Group“.

„Ние сме особено задоволни од резултатот на новата генерација на моделот „Jeep Cherokee“ кој оствари продажба од повеќе од 25.000 возила во првите два месеци кога се појави во продажните салони“, додаде Менли.

Продажбата на автомобилите од марката „Jeep“ порасна во САД за 3 проценти во однос на 2012-та година, додека во азиско-пацифичкиот регион забележаа раст од 26 проценти. Во Кина, на најголемиот автомобилски пазар во светот, продажбата на „Jeep“ во 2013-та година порасна за 29 проценти.

Според продажбата на возилата на „Jeep“ на глобално ниво и во САД, води моделот „Grand Cherokee“ (255.005 возила во светот и 174.275 во САД), a потоа следат„Wrangler“ (210.715 и 155.502), „Compass“ (121.626 и 52.993), „Patriot“ (103.577 и 75.797) и „Cherokee“ (31.330 и 25.786).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП