7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPrada е под истрага за даночно затајување

Prada е под истрага за даночно затајување

prada mada

Италијанската модна куќа „Prada“ е под истрага од страна на италијанските власти, поради сомнение за даночно затајување, тврдат извори од Милано.

Обвинителите од Милано започнале истрага пред неколку дена, кога даночните власти ги известиле за порамнувањето кое го постигнале со „Pradа“, истакнуваат извори кои се запознаени со истрагата.

„Prada“ во декември наведе дека се согласила да ги премести своите холдинг компании од Холандија и Луксембург во Италија и ретроактивно да го плати данокот по преговорите со италијанската фискална власт.

Адвокатите на компанијата од Милано, истакнуваат дека од „Prada“ не знаеле за истрагата и дека документите за кои се сомневаат дека се поврзани со прикријувањето на данокот, ќе бидат предадени на надлежните органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП