Европската унија во третиот квартал од минатата година оствари економски раст од 0,2 отсто на годишно ниво, додека во рамки на еврозоната е регистиран пад на економијата од 0,3 проценти, соопшти денеска статистичката служба на ЕУ, Евростат.

Во исто време, во периодот јули-септември 20130-та година во однос на претходниот квартал, бруто домашниот производ на ЕУ пораснал за 0,3 отсто, а на еврозоната за 0,1 проценти.
Најголем квратален раст меѓу членките на ЕУ од 1,6 процнети бележи Романија, пред Ирска со 1,5 и Летонија со 1,3 отсто. Во исто време, најголем пад на БДП од 0,8 проценти има Кипар, пред Малта со 0,4 и Франција и Хрватска со по 0,1 отсто.