20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтрумица инвестира во изградба на нов таложник на реката Воденичница

Струмица инвестира во изградба на нов таложник на реката Воденичница

rekabansko

Со инвестиција од 2,9 милиони денари општина Струмица гради нов таложник на реката Воденичница, со што ќе се подобри квалитетот на водата и продолжи експлоатацијата на водоводот од кој со здрава вода се снабдува Банско и хотелскиот комплекс.

Екипи на ЈПКД „Комуналец” и градежната оператива на ГП „Габро”, денеска на коритото на реката Воденичница над Банско, започнаа со изградба на нов таложник со должина од 20 и ширина од три метри. Новиот таложник,според директорот на „Комуналец”, Зоран Ѓорѓиев, во значителна мерка ќе се подобри бистрината и квалитетот на водата која од падините на Беласица доаѓа во филтер-станицата.

– Со ова инвестиција од 2,9 милиони денари,ќе овозможиме намалување на ерозијата, а со тоа и наносите, кои при поројни дождови и поголеми топења на снег создаваат проблеми во нормалното функционирање на прочестителната станица и водоводот од кој со здрава вода се снабдуваат 500 домаќинства и комплексот хотели во Банско, изјави Ѓорѓиев.

Со изградбата на овој таложник се очекува пролонгирање на рокот на експлоатација на водоводниот систем за наредните 20 години,а според договорот градежните работи треба да завршат кон средината на идниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП