13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите банкари сакаат да го видат „Волкот“

Сите банкари сакаат да го видат „Волкот“

Leonardo DiCaprio

Европските банкари ги полнат кино салите за да ја видат проекцијата на филмот „Волкот од Вол Стрит“, а честопати ги изнајмуваат и целите кино-сали и го одвиткуваат црвениот тепих.

„Нордеа“, најголемата банка во скандинавскиот регион, закупи 140 места во едно кино во центарот на Стокхолм за своите клиенти. Италијанската берза идната недела ќе го прикажува филмот токму во самата берза, додека во Париз некогашната зграда на берзата ќе биде прикажан новиот филм на Скорсезе.

Филмот е работен според мемоарите на американскиот брокер Џордан Белфорт. Тој се збогатил (подоцна и бил во затвор поради тоа) така што ги мамел клиентите и парите ги трошел на автомобили, куќи, јахти, проститутки, оргии, алкохол и дрога.

Банкарите и инвеститорите од Милано до Париз ги купија билетите за претпремиерите и специјалните проекци на филмот во кој Леонардо ДиКаприо го глуми озогласениот измамник.

Неговата улога е слична на измислениот лик кој Мајкл Даглас го играше во „Вол Стрит“ од 1987-та година и кој „роди“ генерации на брокери.

За специјалната проекција на банката „Нордеа“ испечатени се покани со ликот на ДиКаприо во одело и познатата изјава на Белфорт – „Се забавував како рок ѕвезда, живеев како крал“.

Настанот е толку популарен, така што банката морала да купи дополнителни билети, а дури постои и листа на чекање.

„Ова е забава за клиентите, но и добра можност за персоналот да се „зближи“ со клиентите“, вели Хелена Остман, шефот за комуникација во „Нордеа“.

Група на млади професионалци од „Сведбанк“ организирала специјална проекција кон крајот на овој месец и сите билети биле купени за помалку од пет минути.

Италијанската берза ќе го прикаже филмот следната недела со што на членовите на финансиската индустрија ќе им се даде можност први да го гледаат филмот во Италија.

Филмот на Скорсезе премиерно беше прикажан на Божиќ (25.12.) во САД, а тричасовното остварување е номинирано за Златен глобус во категоријата мјузикл/комедија и за главна улога (ДиКаприо), а се шпекулира дека тој ќе биде номиниран и за Оскар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП