2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПорше планира раст на продажбата во 2014-та

Порше планира раст на продажбата во 2014-та

porse prodazba

Германскиот производител на автомобили, Порше, има во план оваа година да постави нов рекорд во продажбата на спортски и СУВ автомобили.

Минатата година продажбата на автомобилите на Порше, поточно моделите 911 и Кајен беше зголемена за 14,9 проценти, односно на 162.145 возила. Причината за ваквата бројка е благодарение на се поголемата потрошувачка на сите големи пазари за автомобили.

Според инфромациите од компанијата, тие за во април месец го планираат лансирањето на новиот теренец, моделот Макан.

Продажбата во САД и Кина, најголемите пазари за автомобилите на Порше, минатата година пораснала за скоро 20 проценти, а се очекува побарувачката за моделите на германскиот производител да остане на високо ниво и во оваа година.

Компанијата има во план да ја подигне годишната продажба на 200.000 единици до 2018-та година и тоа пред се благодарејќи на моделот Макан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП