7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Студениот бран чини 5 милијарди долари

САД: Студениот бран чини 5 милијарди долари

sad mraz

Студениот бран кој ја зафати скоро половината од територијата на САД ќе ја чини оваа земја дури 5 милијарди долари, пренесува „Русија Денес“.

Рекордно ниските температури во некои делови на САД беа пониски отколку на Јужниот пол, а околу 200 милиони луѓе одлучија да останат во своите домови, поради тоа не одеа на работа, ниту на купување.

Како што вели Еван Голд, потпретседател на компанијата „Планалитикс“ која ги анализира метеоролошките услови врз економијата, од студениот бран беа погодени скоро две третини од жителите на САД.

„Веруваме дека овој проблем ќе биде краткотраен, но проценуваме дека ќе не чини околу 5 милијарди долари, поради тоа што голем дел од популацијата беше погоден од оваа катастрофа“, вели Голд.

Во Њујорк беше измерена најниската температура во последните сто години, додека во градот Ембарас во Минисота беа измерени -37 степени, додека според субјективното чувство, кога ќе се земе во предвид ефектот на ветерот, температурата беше дури -43 степени.

Спрема Голд, студениот бран значително ќе се одрази на сметките за греење. Потрошувачката на природен гас во североисточниот дел на земјата го достигна највисокото ниво во последните пет години.

На макроекономско ниво, студениот бран би можел да го намали американскиот БДП за 0.1 процент. Поради ниските температури најмногу се погодени рестораните и авиокомпаниите, бидејќи беа откажани 2.380 летови, додека 2.912 летови доцнеа.

Од друга страна, некои работи, како интернет компаниите, секако профитираа, затоа што многу од Американците кои поради лошото време беа во своите домови, па многу време поминуваа на интернет. Па така беа купувани многу технички работи, облека, а рестораните кои доставуваат храна и кабловските канали, добро заработија за време на ниските температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП