8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за безбедносна процена на автопатските рути во ЈИЕ

Проект за безбедносна процена на автопатските рути во ЈИЕ

Tabanovce_avtopat

Автомото сојузот на Македонија денеска официјално ќе почне со имплементацијата на меѓународниот проект „SENSOR“ за безбедносна процена на автопатските рути во Југоисточна Европа – ЈИЕ и во Република Македонија.

Проектот е финансиски поддржан од транснационалната програма за соработка во ЈИЕ и ЕУ, а се спроведува согласно методолигијата на европската програма за оцена на патиштата „Euro-RAR“, со цел за утврдување на високоризичните делници, нивно категоризирање и изработка на препораки за прецизни инвестиции во безбедносниот сегмент на патиштата.

На официјалното започнување на проектот ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патиште Љупчо Георгиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП