7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров најдобар спортист на Македонија за 2013 година

Лазаров најдобар спортист на Македонија за 2013 година

kire

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за спортист на 2013 година. Него наградата му ја додели премиерот Никола Груевски на свечената церемонија одржана синоќа во Музејот на македонската револуционерна борба, а во организација на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Доминацијата на ракометниот спорт минатата година во нашата земја беше потврдена со уште три победи во деветте категории во кои се доделуваа „Спортските Оскари 2013“.

Најдобрите македонски спортисти, спортски екипи и спортски работници за минатата година беа избрани со гласовите на национални спортски федерации, спортските новинари и стручната комисија при Агенцијата за млади и спорт.

 

Носители на „Спортски Оскар 2013“ по категории се:

 

Спортист: Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација.

Спортистка: Билјана Црвенковска, капитен на женската ракометна репрезентација.

Национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија.

Селектор: Драган Атанасовски, селектор на кик бокс репрезентацијата.

Машки национален тим: Репрезентација на Македонија во куглање.

Женски национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија.

Млад спортист: Берат Јакупи, карате репрезентативец.

Млада спортистка: Лина Ѓорческа, македонска тенисерка.

Најдобар спортист меѓу лицата со инвалидитет: Андреј Стојановски, пливање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП