3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд вчера секој Норвежанец е милионер!

Од вчера секој Норвежанец е милионер!

oslo norveska

Секој жител на Норвешка во средата теоретски стана милионер, благодарејќи на најбогатиот инвестициски фонд во светот.

Норвешкиот пензиски фонд „Global“, основан во 1990-та година, има во своја сопственост еден процент од светските акции, како и обврзници и недвижности од Лондон, па се до Бостон, што ја прави оваа скандинавска земја да биде исклучок во моментот кога сите други нации се во големи долгови.

Во соопштението на централната банка на Норвешка, која раководи со фондот, се истакнува дека средствата во фондот, благодарение на приходите од високите цени на нафтата и гасот, пораснале на 5.11 билиони круни, што е скоро милион пати повеќе од популацијата во оваа земја, која според последните проценки изнесува 5.096.300 жители.

„Ова е прв пат капацитетот на Фондот да ја достигне сумата од милион круни за секој жител“, изјави портпаролот на централната банка, Томас Севанг.

Нормално секој Норвежанец нема да има пристап до тие пари и да ги троши, затоа што тие се чуваат за „црни денови“ и за идните генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП