18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври рекордна невработеност во Грција

Во октомври рекордна невработеност во Грција

grcija4

Невработеноста во Грција во октомври минатата година достигна ново рекордно ниво од 27,8 проценти, со што го надмина претходниот рекорд од 27,7 отсто регистриран во септември, покажуваат податоците на грчката статистичка агенција „Елстат“.

Стапката на невработеност во Грција во октомври била повеќе од двoјно повисока од просекот во еврозоната од 12,1 отсто.

„Елстат“ нагласува дека невработеноста меѓу младите меѓу 15 и 24 години достигнала 57,9 отсто.

Според статистичката служба, вкупно 1,38 милиони лица се невработени, а бројот на невработени на возраст меѓу 25 и 34 години достигнал 37 отсто.

Невработеноста кај лицата меѓу 35 и 44 години изнесува 23,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП