6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШкода ја надминува бројката од милион?

Шкода ја надминува бројката од милион?

skoda milion

Водечкиот чешки производител на автомобили, Шкода, оваа година очекува да ја надмине бројката од милион продадени возила.

„Производството во Чешка во исто време би можело да достигне рекордни 600.000 возила“, изјави за „Форбс“ директорот на производство и член на упрвниот одбор на фабриката во Млада Болеслав, Михаел Оељклаус.

Досегашниот рекорд на Шкода од 2012-та година беше 940.000 продадени возила, а во бројката од минатата година забележа мал пад поради воведувањето во производството на новата Октавија.

Оваа година производството на најпродаваниот модел би требало да достигне полн капацитет. Шкода истовремено со полн капацитет работи во Русија, а ќе стартува и новото производство во Кина.

Поради сето тоа, границата од еден милион автомобили, според Оељклаус би требало да биде надмината.

Податоците за производството во Чешка оваа година за прв пат би требало да започне со бројката шест, односно бројот на произведени возила да биде поголем од 600.000 примероци.

Се очекува фабриката во Млада Болеслав според својата стратегија за раст до 2018-та година да произведува 1.5 милиони возила годишно. А причина за тоа ќе бидат воведувањато на новите модели, како и редизајнот на актуелните.

Минатата година на пазарот се појавија новата Октавија, Рапид Спејсбек, како и модернизираните модели Јети и Суперб.

Оваа година се очекува новата Фабија, а би требало да се појави и студијата за новиот СУВ, но се споменува и новата варијанта на Октавија со подолга каросерија и електричен модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП