Светскиот магазин посветен на финансиското работење, Global Finance, повторно ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за најдобра банка во Македонија во давање услуги за девизно работење за 2014 година.
Изборот на најдобри банки за девизно работење во светот е направен од уредниците на магазинот Global Finance во соработка со индустриски аналитичатри, директори на корпорации и технолошки експерти согласно критериумите големина на трансакција, удел на пазар, обем на глобална покриеност, услуги на клиенти, конкурентни цени и иновативни технологии.