17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни 97 милиони туристи од Кина патувале во странство

Рекордни 97 милиони туристи од Кина патувале во странство

turistka kina

Вкупно 97 милиони кинески туристи патувале во странство во 2013-та година Покрај тоа што ова е рекордна бројка по бројот на оние кои патувале зад граница, нацијата се етаблира како најголеми „трошаџии“ во светот, објавија официјални медиуми во земјата.

Зголемувањето е за 14 милиони во споредба со претходната година и се очекува овој тренд да продолжи поради изгледите за раст на средната класа во втората светска економија, истакнува весникот „Чајна Дејли“, повикувајќи се на Националната агенција за туризам. За споредба, во 2000-та година кинеските туристи во светот биле само 10 милиони, според податоците на агенцијата.

Во 2012-та година Кина се издигна на прво место според бројот на своите туристи во странство со потрошени вкупно 102 милијарди долари.

Најверојатно оваа сума ќе биде надмината за 2013-та година, прогнозира Сан Жуи од кинеската државна Академија за општествени науки.

„Кинеските туристи трошат толку многу во странство, што понекогаш ги нарекуваат и „подвижни паричници““, објаснува Сан Жуи. Во странство конкуренцијата се засилува во привлекувањето на кинески туристи, кои често пати патуваат групно на турнеи во неколку земји.

Изборот на влезна дестинација е важна за профитот на соодветната земја. Првата престолнина на пристигнување е онаа каде туристите од Кина купуваат пред заминување, а кинезите се подготвени да потрошат и до 1.500 евра.

Затоа многу европски земји се обидуваат да ги поедностават постапките за издавање на визи за кинески граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП