27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМудис ja рангираше Квантас во „ѓубре“

Мудис ja рангираше Квантас во „ѓубре“

Qantas

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ соопшти дека е соочена со најтешкиот предизвик во својата историја, откако „Мудис“ го намали нивниот кредитен рејтинг на „ѓубре“.

Како причина за таквиот потег, „Мудис“ ја наведува силната конкуренција со која „Квантас“ се соочува, се поголемите трошоци, како и одлуката на компанијата да укине голем број на работни места.

Втората рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (S&P) уште во декември ја намали оценката на овој авиопревозник на „BB+“, a „Мудис“ сега ја намали на неинвестициски „Ba2“, што според професионалните инвеститори е еднакво на „ѓубре“.

Како последица на најновиот рејтинг, трошоците од финансирањето на австралискиот авиопревозник значително ќе се зголемат, а инвеститорите нема да сакаат да вложуваат во компанијата поради нискиот рејтинг.

Ова намалување на рејтингот следуваше по извештајот во декември за загубата од работењето во висина од 300 милиони австралиски долари и одлуката на компанијата да укине 1.000 работни места поради големите трошоци.

Според зборовите на финансискиот директор на „Квантас“, Герет Еванс, последната вест била неочекувана и само ги зголемува проблемите со кои се соочува компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП