18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Чешка порасна кон крајот на минатата година

Невработеноста во Чешка порасна кон крајот на минатата година

pragaair

Невработеноста во Чешка, во декември се зголемила на 8,2 проценти наспроти ноемвриската вредност од 7,7 проценти, соопшти државниот Завод за статистика.

Според податоците, пренесува дописникот на МИА од Прага, во последниот месец од 2013-та година без работа биле 596.833 луѓе, што е всушност за 31.500 повеќе од претходниот месец.

За едно слободно место се јавуваат 17 лица, но и покрај тоа во споредба со декември 2012-та година невработеноста е помала за 1,2 посто.

Аналитичарите сметаат дека порастот на невработеноста се должи на постепеното завршување на сезонската работа и се очекува таа уште да се зголемува. Мал позитивен развој е можен дури во втората половина на годинава, кога се очекува оживувањето на економијата да се одрази и на пазарот на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП