3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во внатрешноста на новиот ТТ (фото)

Погледнете во внатрешноста на новиот ТТ (фото)

audi tt vnatre

Ауди ги објави првите фотографии од ентериерот на третата генерација на моделот ТТ кој на пазарот ќе се појави во текот на 2014-та година. Главната карактеристика на новиот дизајн на внатрешноста е дигиталната инструмент табла со мултифункционален „TFT“ екран, наместо класичната инструмент табла.

Од Ауди новиот дизајн на кабината на моделот ТТ го опишуваат како, едноставен, спортски и ориентиран според потребите на возачот.

audi tt vnatre1

Најзначајна промена во однос на актуелниот модел е внесувањето на големиот 12,3 инчен „TFT“ екран кој го зазема местото на класичната инструмент табла.

Со оглед дека на екранот, покрај податоците за параметрите кои се важни за самото возење, може да се види и навигацијата, како и други содржини и функции на мултимедијалниот систем.

audi tt vnatre2

Ауди го задржа својот елегантен и препознатлив стил кој е карактеристичен за нив. Спортскиот волан е обложен со кожа, а на него, како и на централната конзола и вентилациските отвори застапени се украсни детали од алуминиум.

Интересно е решението за командите за клима-уредот кој може да се прилагоди со помош на тркалото на централниот дел на вентилациските отвори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП