26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција воведе нов данок од пет центи на кутија цигари

Грција воведе нов данок од пет центи на кутија цигари

athens_kiosk

Грчката Влада денеска одлучи да ја укине еднократната такса од 25 ерва за прием во болница, што беше воведена неодамна и да ја замени со нов данок на тутунот и цигарите.

Министерството за финансии одлучи да воведе данок од пет центи за секоја кутија цигари или тутун, од што во државната каса годишно ќе се слеат околу 40 милиони евра, колку што требаше да се соберат од болничката такса.

Членовите на коалициската Влада имаа спротиставени ставови околу воведувањето на болничката такса. Министерот за здравство Адонис Јоргијадис од Нова демократија беше за воведување на болничката такса, но социјалистите се противеа на тоа.

ПАСОК бараше од болничката такса да бидат ослободени невработените, како и лицата без здраствено осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП