ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени трошоците на живот во декември

Зголемени трошоците на живот во декември

Young woman shopping in market with basket in hand

Трошоците на живот во декември се зголемени за 0,3 проценти во однос на ноември, а за 1,4 проценти во споредба со декември 2012, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по групи пораст на трошоците на живот во однос на ноември има кај храната и безалкохолните пијалоци и транспортот за 0,5 проценти, кај рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,3 проценти, здравје за 0,2 проценти, облека и обувки и домување за 0,1 процент.

Намалување е забележано во групите ресторани и хотели за 0,6 проценти, алхоколни пијалоци, тутун и мебел, покуќнина за 0,2 проценти.

На ниво од претходниот месец останати се индексите на трошоците на живот во групите Комуникации и Образование.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП