
Амазон оваа година со сигурност ќе стане ново име во елитната листа на американски компании кои ја надминале границата во приходите од 100 милијарди долари.


Амазон оваа година со сигурност ќе стане ново име во елитната листа на американски компании кои ја надминале границата во приходите од 100 милијарди долари.
На таа листа во 2012-та година беа 20 компании, а од Амазон за 2013-та прогнозираа приходи од 75 милијарди долари, но Џеф Безос за компанијата сега прогнозира уште поголем раст.
Кварталниот раст на приходите на Амазон два пати поред покажува значајно зголемување, а покрај од клучните активности во е-трговијата, компанијата остварува се повеќе приходи од „клауд хостинг“ за компаниите и владите ширум светот.
Иако се во трката за дел од колачот и Мајкрософт и Гугл, аналитичарите велат дека тие не се ни близу до тоа што моментално го прави Амазон.
Приходите од тој сектор во четвртиот квартал од 2013-та година пораснаа во однос на истиот период од 2012-та за 145 проценти, а оваа година тие би требало да изнесуваат меѓу шест и десет милијарди долари.
Што се однесува до продажбата, се очекува само таа да ја пробие границата од 100 милијарди долари, затоа што во последниот квартал прикажаа нов раст и вкупен приход од 26.5 милијарди долари.