2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА25 најчудни прашања на интервју за работа

25 најчудни прашања на интервју за работа

rabt

Порталот ,,Glassdoor” во текот на цела година собирал прашања и така ги избрал најчудните 25 прашања на интервју за работа.

Овој портал ги набави прашањата од речиси 10.000 луѓе кои ги праќале на ,,Glassdoor” преку цела година.

Без оглед што овие прашања делуваат чудно, прочитајте ги уште еднаш и размислете дали на менаџерот за човечки ресурси можат да му откријат некои важни работи за вас.

 

1.Ако треба да се ослободите од една Американска држава, која би била таа?(прашање е поставено од компанијата ,,Forrester”)

2.Колку крави има во Канада?(Google)

3.Колку монети од 25 центи ви требаат за да ја достигнете висината на ,,Empire State Building”?(Jet Blue)

4.Пингвин овој момент влегува во нашата канцеларија со сомбреро на глава.Што вели и зошто е тој воопшто тука?(Clark Construction Group)

5.Која песна ја опишува вашата работна етика?(Dell)

6.Џеф Безос(основачот на Амазон) влегува во вашата канцеларија и ви дава милион долари за да покренете вашата најдобра претприемачка идеја.Која е таа идеја?(Amazon)

7.На што мислите кога се возите сами во автомобилот?(Gallup)

8.Како би ја оцениле вашата меморија?(Marriott)

9.Именувајте ги претходните три добитници на Нобеловата награда.(BenefitsConnect)

10.Дали можете да ја изговарате бројаницата и во исто време да продавате машина за перење?(MasterCard)

11.Кога би дошле кај вас дома, што би ни спремиле за јадење?(Trader Joe’s)

12.Како луѓето комуницираат во совшениот свет?(Novell)

13.Како правите сендвич од туна?(Astron Consulting)

14.Жена ми и јас одиме на одмор.Каде би ни препорачале да одиме?(PricewaterhouseCoopers)

15.Вие водите еден ресторан и вашиот тим е избран да учествува во реално шоу.Кеко ќе се припремате за конкуренцијата и како ќе ја искористите моќта на шоуто во вашиот ресторан?(Accenture)

16.Проценете колку прозори има во Њу Јорк.(Bain&Company)

17.Која е вашата омилена песна?Интерпретирајте ја пред нас.(LivingSocial)

18.колкав е аголот помеѓу двете сказалки на часовникот кога покажува 11.50?(Bank of America)

19.Дали некогаш сте украле пенкало на работа?(Jiffy Software)

20.Изберете две познати личности кои би сакале да ви бидат родители.(Urban Outfitters)

21.Кој апарат од кујната би сакале да бидете?(Bandwidth.com)

22.Кога вашиот телефон би го префрлиле на ,,silent”, но тој и понатаму ѕвони многу гласно, што би ми рекле дека се случува?(Kimberly-Clark)

23.На скала од 1 до 10 , оценете ме како испитувач.(Kraft Foods)

24.Ако бо можеле да бидете некој друг, кој би биле?(Salesforce.com)

25.Како би му објасниле на некој како се прави омлет?(PETCO)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП