2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверина практично е сопственик на порталот Index.hr

Северина практично е сопственик на порталот Index.hr

severina

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ практично стана сопственик на порталот Index.hr, откако не и е исплатена отштетата од 100.000 куни (повеќе од 13.000 евра) поради своевременото објавување на нејзината видео снимка со еротска содржина, снимена во бродска кабина, наведуваат хрватските медиуми.

Северина, според хрватските медиуми, стекнала право на жигот на порталот Индекс во Државниот завод за интелектуална сопственост.

Според неименуван извор од правосудните кругови, вредноста на жигот ќе ја проценат судски вештаци, а потоа тој ќе биде продаден на јавна лицитација. Меѓутоа, тоа нема да се случи
само доколку на Северина и биде исплатена отштетата.

Правосилната пресуда е донесена кон крајот на 2011 година, а Северина на почетокот на 2012 година покренала извршна постапка, но бидејќи не успеала да ја наплати бараната
сума, кон крајот на минатата година налогот за извршување е ставен на жигот на Индекс.

Порталот во меѓувреме ги менувал сопствениците, но тоа, како што се тврди, нема да влијае врз целата постапка.

Нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ изјави дека не може јавно да зборува кои ќе бидат следните чекори, додавајќи дека Северина само сака да се почитува судската одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП