27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот го потврди именувањето на Џенет Јелен на чело на ФЕД

Сенатот го потврди именувањето на Џенет Јелен на чело на ФЕД

JANET

Американскиот Сенат го потврди именувањето на Џенет Јелен на чело на Управата на федерални резерви (ФЕД), со што таа стана првата жена на чело на таа институција.

Јелен (67) на тоа место го менува Бен Бернаки, кој се повлекува после осум години минати на функцијата.

Јелен е жесток заговорник на борбата против невработеноста и го поддржува настојувањето на Централната банка да ја поттикне економијата со пониски каматни стапки и обемна програма на откуп на државни обврзници.

Таа беше потпретседател на ФЕД од 2010 година, а својот четиригодишен мандат ќе го почне на 1 февруари.

Сенатот го одобри именувањето на Јелен со 56 гласа „за“ и 26 „против“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП